Направете го овој здрав здрав сок кој потсетува на Фанта Шоката, но е уште поубав….

Потребни состојки:

85 цветови бозел

1 кг лимон

1 кг портокал

20 кесички лимонска киселина

10 литри вода

10 кг шеќер

Постапка:

1.Цветовите измијте ги па потопете ги во 10 литри вода. Оставете да преноќи.

2.Следниот ден извадете ги цветовите, но само оние крупните, ништо не се прецедува. На машина за мелење месо или во блендер се меле добро измиеното овошје заедно со кората (и лимонот и портокалите). Се додаваат 20 кесички лимонтос, се промешува и се остава да отсои уште 24 часа.

3.Третиот ден се процедува сокот низ чиста и густа газа, па во добиената течност се замешува шеќерот. Се меша со лажице додека шеќерот да се растопи, а потоа сокот се флашира во чисти шишиња кои добро се затвораат.

Послужување:

Овој сируп, исто како и другите се разблажува со вода во однос 1:6. Најубав е во комбинација со минерална вода. Ќе добиете сок кој потсетува на Фанта Шоката, ама е многу поубав…