Познавачите тврдат дека богатството и напредокот се толку близу вас, колку што носот е блиску на вашето лице!

Ако научите да ги притискате вистинските точки на носот, акупунктуристите и познавачите на акупресура наводно гарантираат успех и богатство. Одредени посебни точки на носот според нив, имаат неверојатна способност да привлекуваат пари како магнет.

ТЕХНИКА

Австрискиот акупунктуролог д-р Карлтон Смит тврди дека според своите истражувања, постои неверојатна поврзаност помеѓу точките на носот и богатството.

-Со притисок на вистинското место на вашиот нос, го менувате електричното струење на нервниот систем и на тој начин отворате простор за зголемување на вашето богатство – вели д-р Смит, кој станал познат благодарение на техниките за акупунктура во пределот на увото. Тоа му донело признание во целиот свет.

-Парите доаѓаат тогаш кога ќе научите да ги примате. Парите ќе бидат привлечени од вашата аура…Оваа нова техника ја нареков техника на правилен притисок. Многу е едноставна и неверојатно успешна – тврди овој експерт.

-Пред неколку години спровел шестмесечен истражувачки проект кој вклучувал 347 доброволци. Сите биле подготвени да ја испробаат новата техника. Требало да се испита и докаже дека притисокот на вистинските точки на носот има влијание врз подобрување на финансиските ситуации на тестираните лица. И навистина се случило чудо:

Кај 91% од испитаниците после 18 седмици се јавиле коренити промени на финансиската ситуација. Промена на подобро. А како се користи овој метод? Д-р Карлтон Смит го препорачува следното:

Најдете време за себе секое утро и секоја вечер. Бидете сами во просторијата и опуштете се. Потоа притискајте ги означените места на носот. Постапката повторувајте ја секое утро и секоја ноќ, една седмица и притоа мислете само на парите или на зголемување на вашето богатство.

Постапката на притискање нека трае десет секунди. Тоа значи да притиснете и да го држете прстот на одредена точка при што мислите на она што сакате да го постигнете. Процесот го повторувате се’ до седмата точка. Тогаш започнувате од почеток, се’ до постигнување на целта.

1.НАПРЕДУВАЊЕ ВО РАБОТАТА

Замислете се себеси на новата функција, со нови одговорности. Секако и со нова и подобра плата.

2.НАСЛЕДСТВО

Кажете си себеси колку ги сакате членовите од своето семејство и пријателите и колку би сакале да ве наградат.

3.ВРАЌАЊЕ ДАНОК

Милсете на тоа колку сте добар и совесен работник, кој тешко заработува и заслужува повраќај на дел од парите кои секој месец и ги плаќате на државата.

4.ДОБИТОК НА ЛОТАРИЈА

Пополнете лото ливче и мислете на вашите среќни броеви. Уплатете го.

5.ФИНАНСИСКИ ПОДАРОК

Сте заслужиле награда – мислете на паричен подарок.

6.ДРУГИ ИГРИ НА СРЕЌА

Мислете на победата и добивката во други игри на среќа – и храбро играјте!

7.ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТАТА

Мислете на зголемување на платата која ја имате заслужено. Целата постапка повторувајте ја, се додека да добиете доволно пари. А кога парите ќе се појават, тогаш веќе нема потреба да ги притискате точките. Парите ќе станат дел од вас.