Со пиво и шеќер направете ефикасен домашен сируп за кашлица и болки во грлото

Ова е одличен рецепт за приготвување на домашен сируп кој ја смирува кашлицата и болките во грло.

Потребни состојки:

500 мл пиво

150 г шеќер

Малку суво нане или кесичка чај

Постапка:

Шеќерот ставете го на оган да се растопи и карамелизира.

Кога шеќерот ќе се растопи се додава пивото, па на тивок оган се готви околу 45 минути додека пивото да испари и да остане само сирупот.

На страна правите малку чај од нане, па кога сирупот е пред крај (5-10 мин пред крај, кога ќе започнат да се појавуваат мали меурчиња), го додавате и заедно ги промешувате.

Готовиот сируп тргнете го од оган (добивате околу 250 мл сируп)  да се излади па складирајте го во стаклена тегличка или шишенце. Се чува во фрижидер.

Се консумира по потреба.

Деталите погледнете ги во видеото: