За вашиот дом да блеска и да мириса пријатно и свежо, пробајте некои од овие трикови, кои се особено корисни за сопствениците на миленици.

Ако случајно вашиот љубимец изврши нужда на тепихот наместо надвор, настанатата штета најлесно ќе ја отстраните со помош на вински оцет, сода бикарбона и детергент за садови.

Измешајте вода и винска киселина во однос 1:1. Течноста внимателно излејте ја по тепихот, па внимателно со крпа истријте ја дамката.

Потоа наросете со сода бикарбона, изрибајте и оставете да отстои 5 минути. Со крпа соберете ја вишокот сода, а дамката исперете ја со детергент и вода.

Одржувањето на ламинатот бара голема нега. Едноставно прво пребришете со влажна крпа натопена со вода, а потоа изгланцајте со специјално средство за ламинат, или пак некое средство за одржување мебел растворено со малку вода.

Можете да користите и растворено млеко за тело или некое масло (само малку, не сакате да добиете лизгалица). Потоа изгланцајте со сува крпа, бидејќи претераната влага може да биде штетна за ламинатот.

За да има пријатен мирис во просторијата, во водата или на крпата кога ќе гланцате, додадете неколку капки етерично масло од лаванда или некое друго масло по ваш избор.

Вашата кутија за сапун е секогаш влажна и покриена со остатоци од сапун? Со обичен сунѓер можете да го решите овој проблем: пресечете парче сунѓер со соодветна величина и ставете го во кутијата за да ја впива влагата и вишокот растопен сапун.