Алое: Сокот од алое да се зема по 1-2 лажици на 50 мл вода, 2-3 пати на ден, 20-30 минути пред оброкот. Лекувањето трае 1-2 месеци.

Цвет од јаболко: Прелијте една полна лажица цветови од јаболко co врела вода, да се олади и процеди. Да се пие во текот на денот, во мали голтки.

Корен од чички: Прелијте една лажичка сомелен корен од чички co чаша врела вода, да се вари 5-10 минути на тивок оган, да се излади и процеди. Да се зема по една лажичка од чајот 3-4 пати на ден.

Тегавец(женски): да се прелие една лажичка суво лисје од тегавец co чаша врела вода, оставете да престои 10 минути. Процедете. Пијте во рок од еден час во помали голтки. Убаво испраните листови од тегавецот да се исечат, да се изгмечат и измешаат со исто количество на мед. Да се вари 20 минути. Земајте по 2-3 лажички на ден.

Жалфија: Да се сварат две лажички листови од жалфија co две чаши врела вода. Оставете да престои 30 минути, процедете. Да се користи по една лажичка на секои два часа.

Кипарис: (Chamaereion angustifolium). Прелиј1те 10 гр. суви листови од кипарис
co чаша врела вода, варете 15 минути, процедете. Пијте по една лажичка три пати на ден пред оброкот.

Нане: Прелијте две лажички лист од нане co две чаши врела вода. Оставете да престои 20 минути, процедете. Пијте no 0,5-1 чаша, 15-20 минути пред оброкот два пати на ден.

Пупки од бор: Прелијте 1 лажичка пупки од бор co чаша врела вода, оставете да престои 45-60 минути, процедете. Земајте по 1 лажичка наутро и навечер пред оброкот.

Црвена боровинка: Прелијте една лажичка брусница co чаша врела вода, оставете да престои 30 минути, процедете. Земајте пред јадење по една лажичка 3-4 пати на ден.

Шумска јагода: Прелијте една лажичка лист и корен од шумска јагода co чаша врела вода, оставете да престои 6-8 часа, процедете. Пијте по пола чаша секојдневно.