Сите треба да го прочитаат ова – еве дали треба да спиете по чорапи

Мислите дека спиењето во чорапи не е нималку секси? Поради корисните ефекти кои се кријат зад тоа, би можеле многу брзо да се предомислите.

Луѓето се делат на две групи, тие кои спијат со чорапи и оние кои спијат боси.

Иако се чини дека станува збор за сосем обична работа и лична одлука на секој човек, сепак, зад носењето на чорапи во кревет се крие научна теорија.

Не само што носењето на чорапи за време на спиењето на сите им се препорачува, туку токму тие може да ви помогнат доколку имате проблем со несоница.

Ако вашите стапала се често студени, чорапите ќе ги загреат и ќе предизвикаат ширење на крвните садови, а со тоа ќе му се сигнализира на вашиот мозок дека е време за спиење.

Токму стапалата го регулираат вашето доживување за надворешната температура, па доколку сте зимурливи, спиењето во чорапи е вистинскиот избор за вас.

Дали вие спиете боси или по чорапи? Еве што тоа говори за вас од еден поинаков аспект:

Спиете во чорапи или без нив, босоноги? Наизглед обичен избор, но психолозите велат дека оваа одлука многу говори за вас, но и за состојбата на вашиот организам.

ВИЕ КОИ СПИЕТЕ СО ЧОРАПИ

Спијачите во чорапи постојано имаат чувство дека им студи, иако температурата во нивната спална соба вели поинаку. Не спиење никогаш не одат боси, без разлика дали е пролет или зима.

Зад оваа навика, како причини може да се кријат дебелината на нивната кожа, односно тенката кожа или нивниот спор метаболизам.

Но, тука се и психолошките причини. Луѓето кои не можат да заспијат без чорапи на нозе, имаат изразена потреба да бидат заштитени, удобноста им е многу важна, и иако воспосатвуваат долготрајни и цврсти односи, нежни и најсреќни се кога се наоѓаат во нечија прегратка.

Да делат животен простор со некого? За нив тоа е огромно задоволство!

ВИЕ КОИ НА СПИЕЊЕ ОДИТЕ БОСОНОГИ:

Спиењето со чорапи на нозе за овие луѓе е невозможна мисија. Секогаш кога ги носта, претопло им е во нив и не можат да потонат во сон. Тоа може да укажува на брза работа на метаболизмот, добра циркулација и подебела кожа.

Од друга страна, и тоа онаа психолошката, оваа нивна навика да спијат боси, за нив го говори следното:

Тие се независни, но сакаат да ги заштитуваат другите. Го сакаат “својот личен простор” и во тој простор може да ги пуштат другите само кога тие се расположени за дружење.

Многу се чесни и искрени. Предизвиците ги обожуваат, а за оние ретки луѓе кои ги пуштаат во својот живот, подготвени се да направат се’, само за да се чувствуваат тие добро.

Како вие вечерва ќе заминете на спиење, со чорапи или без нив?