Симптоми кои не смеат да се игнорираат, откриваат дека имате опасно висок шеќер во крвта

Дијабетичарите не се единствените кои имаат високо ниво на шеќер во крвта, иако повеќето од нас така си мислат. Секој човек може да пати од ова, а да не е свесен во меѓувреме каква штета се прави врз нервите, крвните садови и органите.

Прочитајте како најлесно да ги препознаете симптомите на високо ниво на шеќер во крвта и што да преземете за да ги спречите можните компликации од оваа подмолна болест.

1.ЗГОЛЕМЕН УМОР

Кога нивото на шеќер во крвта е зголемено, телото не е способно правилно да ја складишти и да ја апсорбира глукозата – што доведува лицето да се чувствува заморно без очигледна причина.

2.ЧЕСТО МОКРЕЊЕ

Кога нивото на шеќер во крвта е високо, бубрезите не можат да ја реапсорбираат течноста – што доведува до често уринирање.

3.СУВА УСТА, ЗГОЛЕМЕНА ЖЕД

Сувата уста и постојаната жед се одоговорни за зголемен губиток на течности. Хипоталамусот кој го проценува нивото на дехидратација и предизвикува чувство на жед, испраќа сигнали до мозокот. При вакви околности, најдобро е секогаш да пиете вода во доволни количини за да ги задоволите потребите.

4.КОНСТАНТНА ГЛАД

Високото ниво на шеќер во крвта ја спречува глукозата да влезе во клетките. Како резултат на тоа, телото не добива доволно енергија и константно бара храна.

5.ГУБИТОК НА ТЕЖИНА

Еве кои се причините за губиток на тежината при високо ниво на шеќер во крвта:

а)Губиток на течности поради често мокрење доведува до намалување на нивото на течности во целото тело, а како резултат на тоа доаѓа до губиток на тежината.

б)Кога нивото на инсулин е недоволно за метаболизам на глукозата, телото започнува да согорува масти.

в)Поради високото ниво на глукоза, телото троши доста калории за да создаде голема количина на урина и на тој начин „се ослободува“ од вишокот глукоза.

6.ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ

Голема количина на шеќер создава идеална подлога за размножување на квасците и бактериите што доведува до габични и уринарни инфекции.

7.СУВА КОЖА

Сувата кожа може да биде поврзана со високото ниво на шеќер во крвта од повеќе причини:

а)Претераното често мокрење го дехидрира телото до таа мера што кожата започнува да се суши.

б)Проблемите со кожата на нозете се знак за атеросклероза – таложење на липиди и на некои минерали на ѕидовите од крвните садови доведува до нивно затнување и отежната циркулација на крвта, а оваа болест е честа кај дијабетичарите.

ц)Оштетените нерви може да ја пореметат нормалната функција на потните жлезди, кои влијаат врз влажноста на кожата.

8.ПРОБЛЕМИ СО КОНЦЕНТРАЦИЈАТА

Високото ниво на шеќер ја спречува глукозата да влезе во мозочните клетки. Ова влијае врз брзината на размислување и носење одлуки.

9.ЗАМАТЕН ВИД

Замаглениот вид е резултат на дехидратација поради високото ниво на шеќер во крвта – тоа исто така влијае и врз клетките на окото. Како резултат на ова тие се деформираат и окото ја губи способноста правилно да фокусита.

10.СПОРО ЗАРАСНУВАЊЕ НА РАНИ И ПОСЕКОТИНИ

Ова се случува поради васкуларно оштетување кое е резултат на високо ниво на шеќер во организмот.

11.НАМАЛЕНО ЛИБИДО

Високото ниво на шеќер во крвта негативно влијае врз нервите, протокот на крвта и правилната рамнотежа на хормоните. Вишокот на шеќер во крвта негативно влијае врз овие системи.

12.РАЗДРАЗЛИВОСТ

Според направените истражувања, луѓето со високо ниво на шеќер во крвта се постојано вознемирени, раздразливи – а во некои случаи и депресивни. Мозокот се потпира врз снабдувањето со еднакви количини на глукоза, па нагли скокови во нејзиното ниво негативно влијаат врз неговата работа. Како резултат на тоа, нашето расположение нагло се влошува.