Искуството на една жена нè натера повторно да ги објавиме чудесните моќи на ова растение. Едноставно, може да се користи речиси во секоја област и речиси за секое заболување.

Растението Чувар куќа е билка која е најлесна за одржување и за која не треба многу да се грижиме, а таа ни дава многу благодети.
Се работи за извонреден универзален лек кој може да се употреби кај различни здравствени проблеми и потешкотии.

Sempervivum tectorum е лековито растение кое кај нас најчесто е познато под името “чувар куќа”. Неговото име ја репрезентира неговата способност за одржување во живот дури и при различни услови, но и го репрезентира местото каде најчесто може да се сретне – токму на крововите од куќите.

Многу луѓе имаат проблем со “волчјо око”, но со билката чувар куќа може да го решат овој проблем за многу кратко време.

Луѓето кои имаат “волчјо око”, имаат и пореметување на функциите и на другите делови од телото. За да ги решат здраствените проблеми луѓето одат на лекар, но не знаат дека оваа билка може да им помогне.

Земете еден лист од чуварка, отстранете ја кожичката и ставете го листот врз “волчјото око”, а за да не се поместува, листот фиксирајте го со фластер.

Доколку волчјото око се наоѓа подлабоко, овој процес мора да го повторите неколкупати во текот на денот, неколку денови по ред, додека да се отстрани проблемот.

Консумирањето на лист од чувар куќа ги подобрува функциите на органите во организмот. Го зајакнува имунитетот и ве чува од инфекции. Доволно е само еден лист дневно.

Комбинацијата од Чувар куќа и мед ги отстрануваат цистите и миомите, ги лечат желудечните тегоби кои ги предизвикува хеликобактер пилори, го зајакнуваат имунитетот, ги ублажуваат проблемите со штитната жлезда, го олеснуваат варењето, го подобруваат системот за дигестија, ја елиминираат опстипацијата и го регулираат проблемот со тврдата столица, ги лечат воспаленијата на слузокожата и помагаат кај многу други болести и тегоби.

Многу луѓе овој народен лек го пробаа и буквално се колнат во неговата делотворност, а еве и како се приготвува:

300 г сочни листови од чувар куќа се мелат во машина за месо или во блендер, а потоа се мешаат со 500 г домашен и колку што е возможно поквалитетен мед. Сето ова се става во стаклена тегла, се завоткува со фолија и се остава да стои затворено во фрижидер.

Медот и чувар куќата како лек се земаат наутро на празен желудник и тоа по една лажица, а половина час после тоа ништо не се јаде, ниту пие.
Најголема заслуга за овој природен лек е детоксикацијата и прочистувањето на организмот од натрупаните штетни токсини.

Впрочем, речиси и да не постои подобар и поздрав рецепт за забрзување на метаболизмот од комбинацијата на чувар куќа и мед, а нивното дејство е благотворно и после силните и калорични оброци, обилните гозби, но и разните веселби и прослави кога често знаеме да претераме со јадење и пиење, но и во секоја друга смисла.