loading...

Што значи ако гавран ви прелета преку глава или ви застане на прозор

Гавраните се симбол на мистичност, смрт, магија и интриги.

Тие имаат свое место во фикцијата како негативна појава но традиционално имаат малку подинамично и поразновидно значење.

Според разни преданија и легенди, гавраните со леснотија преминуваат низ различни димензии како што се царството на соништата, земјата на мртвите, домот на боговите, пеколот и рајот.

Тие често носат пораки од овој и оној свет. Многу се интелигентни, па дури и попаметни од некои примати. Во комбинација со високо развиената меморија, нивното однесување се разликува од било која друга птица.

ПРОМЕНА

Во сите култури, гавраните се весници на промена. Тие претставуваат длабоки  и силни елементи на природата. Присутни се секаде каде што постои живот и смрт. Тие не се како другите птици.

Ако одлучат некаде да одат, тоа е затоа што тие така сакаат, а не затоа што нивниот опстанок зависи од тоа. Затоа нивниот избор на дестинации изгледа уште почудно.

МАГИЈА

Гавраните често ги поврзуваат со магиските ритуали и невидливите сили. Познато е дека волшебните придружници на вештерките најчесто се во облик на гавран. Кога гаврани се јавуваат на сон, тоа значи дека постојат елементи на вистина во сонот.

Тоа исто така може да значи дека некоја виша сила се обидува да разговара со вас. Обратете вниманите на пораката, бидејќи гавраните се појавуваат во суштински моменти кога ви е потребна помош.

Ако гавранот стапи во интеракција со вас, обратете внимание на подлабоката смисла, бидејќи има значење и навистина нештото е многу важно.

СМРТ

Тоа е најпознатата поврзаност на гавраните. Многу култури го пренесуваат знаењето за улогата на гавраните во водењето на душата на мртвиот. Ширум светот гавраните може да се видат на гробишта, но исто така биле забележани и на бојните полиња.

loading...

Гавраните може да се појават откако некој ќе умре, а може да испорачаат и порака од покојникот.

Појава на гаврани во ваша близина, нивно прелетување преку глава, значи дека ви претстои голема опасност, можеби и смрт за вас или некој ваш близок. 

Ако ви застане на прозор, исто така сака да ве предупреди на нешто многу важно што ви претстои во иднината.

Ако мртов гавран ви падне пред нозе, некој многу близок ќе почине, по кого многу ќе тагувате.

Ако јато гаврани се собираат на кровот од нечија куќа – претскажуваат смрт на некој член од тоа семејство.

Не ги бркајте гавраните и не ги повредувајте! Тие се многу интелигентни и ги памтат ликовите на луѓето. Ако напакостите на само еден гавран, тоа ќе го знаат сите гаврани и ќе ве запамтат.

loading...