Речеси секоја жена во светот сака да има убави и негувани нокти. Тука, лакирањето на ноктите е детаљ кој е неизбежен.

Но, знаете ли дека лакот за нокти содржи безброј хемиски компоненти кои се штетни за организмот? Не само надворешно, туку можат да предизвикаат негативни процеси и во внатрешноста на телото.

Една неодамнешна студија покажа дека повеќето од популарните брендови за лак за нокти, се многу поштетни од тоа што се мислеше.

Научниците тестирале 24 жени кои редовно на своите нокти нанесуваат лак и кај секоја од нив нашле токсини во крвта!

Резултатите покажале дека 100% од учесниците во истражувањето покажале позитивни знаци на трифенил фосфат, само 10 часа по примената на лакот.

Потоа научниците тестирале 10 различни брендови од лаковите за нокти и во 8 од нив бил присутен трифенил фосфатот.

Најшокантен бил податокот, дека во два од осумте бренда, ова опасно соединение не било споменато во етикетата која ги објаснува состојките на лакот.

Ова може да значи дека, скоро 20 проценти од популацијата која користи лак за нокти, го внесува трифенолот во организмот, без да знае!

Што е трифенил фосфат и какви нарушувања може да предизвика?

Еден од главните проблеми во врска со трифенил фосфат е дека тој го нарушува ендокриниот систем кај луѓето. Тоа може да влијае на регулирање на хормоните, метаболизмот, репродукцијата и развојот.

Ова е особено штетно за млдите девојки кои го користат лакот редовно, а тој влијае на нивниот развој и на евентуалниот дисбаланс на хормоните, пореметување кое може да предивика ХИПО или ХИПЕР тиреодеа!, односно нарушување на функцијата на штитната жлезда.

Нарушувањето на штитната жлезда може да доведе до успорување на метаболизмот и неконтролирано трупање на килограмите.

Трифенол фосфатот исто така може да биде:

невротоксин

ендокрин токсин

репродуктивно токсичен

Ја надразнува кожата

алерген

Други штетни соединенија кои ги содржи лакот за нокти:

Формалдехид

Формалдехид е добро познато канцерогено соединение кое се раствора во вода и воздух.

Изложеноста на овој хемиски елемент, исто така, може да предизвика симптоми како што се астма и отежнато дишење. Луѓето кои имаат хронични болести се особено подложни на труење со формалдехид.

Толуен

Оваа хемикалија е особено опасна за развојот на децата. Особен ризик имаат младите девојчиња кои користат лак за нокти, но и бебињата, бидејќи научниците овој елемент го изолирале и во мајчиното млеко.

Природни алтернативи на лак за нокти:

За среќа, постојат некои компании кои решиле да се создадат природни алтернативи на лак за нокти, кои го елиминираат ризикот од штетните последици.

Органските производители на козметика користат мед, арганово масло и вода во состојките, избегнувајќи ги штетните хемикалии.

Тие успеваат да создадат дури и до 50 нијанси на бои, кои во ништо не се разликуваат од боите кои се создаваат со штетни хемиски соединенија!