Кога ќе ви се примоча на плажа, одите во најблиското WC или во вода?

Ајде искрено одговорете: кога ќе ви се примоча на плажа, дали одите до најблиското WC или полека се упатувате кон водата?​

Науката понуди оправдување за сите оние кои уринираат во морето: тоа е ОК, велат тие.

Американското хемиско здружение објави видео во кое се објаснува дека е апсолутно во ред да се уринира во морето, а за тоа постојат неколку причини.

Човековата урина се состои од 95% вода, а натриум-хлоридот кој таа го содржи, не ја загадува водата ниту претставува опасност за растенијата и животните кои живеат во морето.

Дури, кога и сите жители на планетата Земја одеднаш би уринирале истовремено во морето, нема да има никаква штета, велат научниците.

-Урината е безопасна, уште кога ќе се разреди со морската вода, станува безначајна за неколку секунди. Постојат многу поштетни работи во океаните од нашата урина- вели биохемичарот Стјуарт Џонс.​

Добро е штом е така, затоа што едно неодамнешно истражување покажа дека 62% од капачите уринираат во морето.

Дали и ти спаѓаш во тој процент?