Шитаке печурката го лекува ракот на грлото на матката

Сите знаат дека печурките се хранливи и дека му даваат доста калории на оброкот, а новите истражувања укажуваат дека шитаке печурките би можеле да помогнат во лекувањето на ракот.

Екстрактот од јапонската печурка го убива заразниот humani papiloma virus (HPV) кој предизвикува рак на грлото од матката. HPV е многу раширен и многу заразен а оваа инфекција влијае на кожата и влажната мембрана, пишува Daily Mail.

Повеќе од три четвртини од жените го добиваат овој вирус во текот на животот а некои соеви можат да предизвикаат рак на грлото од матката. Американските истражувачи го пронашле екстрактот AHCC кој се наоѓа во шитаке печурките и кој игра важна улога во превенцијата на ракот предизвикан од HPV.

Во студијата со глувци, АНСС довела до уништување на HPV-то за 90 дена. Исто така, оваа супстанција го намалила растот на цервикалниот тумор.

АНСС е суплемент за кој истражувачите сметаат дека еден ден ќе ја замени HPV вакцината.

„Резултатите од ова истражување се многу охрабрувачки“-тврди д-р Џудит Смит од Универзитетот во Тексас, и додава: „Оваа студија, иницирана во 2008 година, покажува дека АНСС има потенцијал да ја лекува HPV инфекцијата“.

АНСС делува и како имунотерапија поттикнувајќи го телото само да се бори против болеста. АНСС го зголемува бројот на клетките кои се природен убиец на инфекциите.