Овој природен лек помага многу брзо. За многу кратко време притисокот се враќа во нормала, а ефектот е прилично стабилен.

Сончогледовите семки се збогатени со никотинска киселина (ниацин или витамин Б3), која ги шири крвните садови и ја подобрува циркулацијата. Ова е проверен рецепт од руската алтернативна медицина:

Потребни состојки:

500 г исчистени, непечени семки од сончоглед

2 литри вода

Постапка:

Сончогледовите семки добро измијте ги па прелијте ги со ладна вода. Ставете на оган, и на тивко варете ги околу два часа. По потреба долевајте вода, за крајната течност повторно да изнесува 2 литри. Кога ќе излади прецедете и складирајте во шишиња. Оваа доза е за два дена.

Поделета ја целата количина на два дела, а првата доза испијте ја во текот на целиот ден. Втората доза чувајте ја во фрижидер и консумирајте ја следниот ден.

Сончогледовите семки, исто така можете да ги сочувате за приготвување на појадок, измешани со житарки и кефир.

Притисокот веднаш се враќа во нормала, но за подолготраен тераписки ефект, се препорачува редовно консумирање во текот на еден месец.

Семките од сончоглед се еден од најдобрите извори на магнезиум а со самото тоа и најмоќно средство за намалување на крвниот притисок. Исто така, лекот помага и во намалување на ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.