За жал, кога држите диета и вежбате, освен што ќе ослабите на критичните места, ќе се намали и обемот на вашите гради. Како и зошто тоа се случува, објаснува Ангела Фич, доктор од центарот за слабеење во Синсинати.

Ослабевте, но ви се смалија и градите?

Бидејќи и тие се дел од вашето тело, ова е неизбежна ситуација. Поголем дел од дојките се состојат од масти, заедно со ткивото во градите, па кога слабеете по целото тело, како дел од него и тие ќе бидат зафатени од овој процес, објаснува Фич.

Колку ќе ви се намалат градите најмногу зависи од тоа колку сало имате во нив и колку вкупно ќе ослабете. Тоа значи дека смалувањето на градите можеби ќе го забележите, но можеби и нема.

Дали свиснуваат градите од нагло слабеење?

Конечно малку добри вести – брзината со која слабеење не влијае врз еластичноста (или опуштеноста) на кожата, па така и на градите.

Единствено во случај доколку изгубите екстремна количина килограми, кожата би можела да „се обеси“, како по целото тело, така и на градите.

„Понекогаш градите ќе ви бидат поопуштени од на пр.колковите, бидејќи се потешки и гравитацијата ги влече надолу“ – вели Фич.

Дали влијае јо-јо ефектот врз опуштањето на градите?

Доколку постојано слабеете и повторно ја враќате килажата, тоа нема многу да влијае врз вашите гради, освен, како што веќе кажавме, доколку ослабите многу килограми одеднаш. Тоа ќе влијае врз целото тело, па заедно со градите ќе се опушти мускулатурата и во тој случај повеќе не е можно да се врати еластичноста.

Сепак, со јо-јо ефектот е поинаку бидејќи на тој начин вие ги полните клетки со масти а потоа ги празните и така во круг, објаснува Фич. Што значи дека, освен ако не ги наполните со многу голема количина масти, тие нема да се променат ако ги изгубите тии масти.

Што можете да направите за подигнати и цврсти гради? Со вежбите на снага ќе ги изградите градните мускули кои потоа ќе ги поддржуваат и подигнат вашите гради. Тоа се вежби со тегови, на шипка, на бенч и слично. Многу е важно во текот на слабеење да вежбате вакви вежби на снага, доколку сакате да имате цврсто тело и кожа, вели Фич.

„Кардио вежбите ќе ви помогнат да ги согорите мастите, но вежбите на снага служат за забрзување на метаболизмот. Додека слабеете, вашиот метаболизам се успорува, а изградбата на мускулите ќе го врати назад во функција“ – објаснува.

Видео: 

https://www.facebook.com/zdravakrava/videos/10156097446784813/