Не постои жена која не ја нервираат малите влакненца од лицето. Повеќето мака мачат со влакненцата над горната усна. Веројатно восокот ви бил прва помош при решавање на овие досадни и повторувачки напастници.

Но, постои природно и ефикасно решение. Жените од Истокот со векови ја користат оваа спасоносна мешавина. Имено, со помош на оваа смеса се отстрануваат влакненцата и истовремено делува смирувачки на кожата. Помага да се задржи здравиот и убав сјај на кожата.

Природните состојки се преполни со витамини, минерали и антиоксиданти. Иако луѓето не посветуваат доволно внимание на својата кожа, би требало! Кожата е најголемиот орган на телото и што и да ставите на себе се апсорбира директно во крвотокот.

Потребни состојки:

2 лажици мед

1 лажица овесна каша

2 лажици сок од лимон

Постапка:

Сите состојки измешајте ги и втријте ги на местата од лицето каде имате влакненца кои сакате да ги отстраните. Смесата оставете ја да делува 15 минути. Потоа исплакнете со топла вода, па нанесете хидрантен крем за лице. Постапката повторувајте ја 2-3 пати седмично, а по еден месец влакненцата ќе исчезнат.