Само еден детаљ открива дали жената е неверна

Жените најчесто стануваат неверни кога нивниот партнер не им обраќа доволно внимание и почит и кога „хемијата“ од почетокот на врската ќе исчезне.

Без разлика дали станува збор за маж или жена, неверството не е ништо ново. Откако постојат врските, постојат и неверствата, прашање е само дали другиот партнер тоа ќе го забележи.

Научниците воочиле важна поврзаност помеѓу неверството и глумењето на женскиот оргазам.

Студијата “Human Female Orgasm as Evolved Signal: A Test of Two Hypotheses” опфатила 138 жени и 121 мажи во хетеросексуална врска.

Жените биле запрашани колку чести и интензивни оргазми имаат, а мажите колку често нивната девојка или сопруга доживува оргазам. Научниците заклучиле дека колку повеќе пати го одглумува оргазмот, толку е поверојатно дека го изневерува својот сопруг.