Салата од краставички и лук: го намалува холестеролот и го регулира високиот крвен притисок

Хипертензијата спаѓа меѓу болести кои се во голема експанзија последниве години, а тоа се должи најмногу на нездравиот начин на живеење, лошата исхрана и големата изложеност на стрес. Поради тоа, како главна причина за појава на висок крвен притисок се наведува стресот, односно на нервна база. Повеќе од 40% од луѓето кои имаат над 25 години се погодени од хипертензија.

Ова е рецепт за лековита салата од краставица и лук, кој го намалува крвниот притисок и го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем ако се консумира редовно.

Потребни состојки:

  • 1 краставица
  • 3 чешниња лукче
  • ½ – 1 лажица јаболкова киселина + неколку лажици вода

Постапка:

Краставицата добро измијте ја и исечкајте ја. Ако е домашна не ја лупете. Излупете го лукот и исечкајте го на ситни парчиња. Состојките ставете ги во сад и прелијте ги со оцетот и водата.

Послужете со мента/нане за ублажување на мирисот од лукот.

Уживајте и бидете поздрави!