РУМ КАСАТО – колач кој често го правам зошто е предобар!

Рум и чоколадо, би рекла чист оригина, мнооогу вкусни…

Потребни состојки:

300 г компир

300 г мелени бисквити

200 г чоколадо

140 г маргарин

200 г шеќер во прав

1 лажица какао

2 лажици рум

1 лажица масло

Постапка:

Сварете 300 г компир, потоа процедете го и испасирајте го, додадете му 100 г чоколадо, 100 г маргарин, па соединете. Чоколадото се топи од топлината на компирот, исто така и маргаринот. Потоа додадете 300 г мелени бисквити – ако го правите посен колачот, употребете посни, 200 г шеќер во прав, една лажица какао и 2 лажици рум (или една – по желба).

Формирајте го колачот на даска или во калап. Се добиваат 45 колачи. Оставете да се стегне и излади.

На пареа растопете 100 г чоколадо, 40 г маргарин, 1 лажица масло.

Натопувајте ги колачите од горната страна или прелијте преку целиот колач доколку го приготвувате во калап.

Автор на рецептот: anestezija Łłß