Родените во вторник се борбени, во сабота зрели: денот на раѓање го открива вашиот карактер

Деновите во седмицата добиле имиња по седумте видливи планети, а во античко време се верувало дека денот на раѓање има големо влијание врз карактерот на човекот и неговиот животен пат.

Ако не можете да пресметате кој бил денот кога сте се родиле, напишете во коментар на постот објавен на фан страната nmd.mk, админот ќе ви одговори.

ПОНЕДЕЛНИК

Со понеделникот владее Месечината, а според народните преданија во годината постојат три понеделници кои се сметаат за несреќни:

-првиот понеделник е во април,

-вториот понеделник е во август,

-последниот понеделник е во декември.

Бидејќи Месечината е променлива, па такви се и луѓето родени кои се родени во понеделник, а најголемо влијание врз нив имаат емоциите. Важно е во животот да имаат цврсти темели, како што е семејството, пријателите и партнерот од кого ја црпат својата сила.

ВТОРНИК

loading...

Вторникот го добил името по планетата МАРС, кој според римското верување е богот на војната. Тоа на луѓето кои се родени на овој ден им носи голема сила, борбен дух и упорност да ги остварат своите цели. Сепак, под влијание на Марс тие се немирни и склони на нервоза.

СРЕДА

Среда го добила името по планетата Меркур, кој бил римски бог на трговијата, патувањето и науката. Според тоа луѓето кои се родени на овој ден ги краси интелигенција, елоквенција и големо влијание врз другите луѓе.

Сепак, наследиле и одреден немир и љубопитство поради кое им се потребни постојано нови предизвици за да можат да функционираат.

ЧЕТВРТОК

Со четвртокот владее Јупитер, кој во митологијата е бог на грмотевиците и дождот. Тој е симбол на експанзија, оптимизам и добар хумор кој ги краси луѓето родени во четврток.

Тие имаат силно изразена потреба за слобода и независност, па ретко се задржуваат долго на едно место.

ПЕТОК

Петок е ден на планетата Венера, симбол на убавината, љубовта и угодноста. Луѓето родени на овој ден се под влијание на Венера, па затоа се сензибилни и уметнички типови.

На некој начин живеат во свој свет, а склони се на идеалистички поглед на светот и романтично мачтеење. Ја сакаат и ја ценат убавината, па со неа се трудат да го исполнат својот живот.

САБОТА

Саботата е ден на планетата Сатурн, кој во римската митологија е бог на полјоделството и жетвата, како син на Земјата. Луѓето родени на овој ден Сатурн им носи особини како практичност, рационалност и зрелост.

Тие се зрели веќе на млада возраст за разлика од своите врсници, па сакаат да ја планираат иднината. Тешко поднесуваат промени поради сомнеж во себеси, но токму тие сомневања им користат и ги прават подобри.

НЕДЕЛА

Овој ден е под влијание на планетата Сонце, а според древните начела се смета за прв ден во седмицата. Според народните верувања, неделата е многу среќен ден за раѓање на дете. Луѓето родени во недела се харизматични, ведри и оптимистични.

Тие се во вечна потрага за нешто ново и не им се покоруваат на нормите. И покрај тоа, тие се стабилни, а најчесто ги следи среќа во животот.