Дали сте родени за да бидети богати? Па, според хороскопот некои знаци навистина се родени под среќна ѕвезда, додека некои други ѕвезди мачно паѓаат.

Сајтот CareerBuilder.com направиле студија во која учествувале околу 9 000 работници.

Идејата била да се утврди дали знакот во хороскопот има некаква врска со успехот во работата или финансиската состојба. Па така, откриле интересни совпаѓања.

Истражувањето покажало дека тие најчесто заработуваат преку 100 000 долари годишно. Според американските стандарди тоа е исклучително добра ситуација.

Еве за кои знаци се работи:

Овен

Овенот во себе носи најизразени црти на лидерство и авторитет. На патот до успехот за него не постојат препреки.

Неговите најголеми врлини се креативноста и динамичноста, но најмногу го кочи тврдоглавоста и честите промени на расположението.

За своите вработени тој е ноќна мора бидејќи секогаш го бара максимумот од нив, без никакви исклучоци. Но, од друга страна пак, овие барања секогаш се многу јасни и прецизни.

Јарец

Јарецот поради својата доминантна природа е роден да шефува. Тој сака добра организација, поточно ред, како и дисциплина за да може добро да работи.

Тој е голем зависник од работата и способен е да го извлече најдоброто од другите, додека истовремено се труди и неговите вработени да имаат одлична заработка.

Исто како и Овенот, така и тој е тврдоглав, но најголемиот негов проблем е што цврсто верува дека знае најдобро и дека е незаменлив