Британските научници неодамна објавиле текст во кој тврдат дека пронашле соединение кое ја штити кожата многу подобро од штетните последици на изложеност на УВ зраците, вклучувајќи го стареењето, оштетувањето на клетките и развојот на ракот.

Повеќето од кремите за сончање кои можат да се најдат на пазарот нудат добра заштита од зрачење со тип UVB, но главно сите слабо делуваат на поопасниот дел од спектарот УВА.

Соединението, кое било развиено со заеднички сили на научниците од Универзитетот Bath и King’s College во Лондон, е наречено “mito-iron claw” (преведено “штипка за митохондријално железо”). Според извештаите на страница Bath (http://www.bath.ac.uk/news/2016/07/20/sun-cream-uva/) соединението би можело да стане составен дел од кремите за сончање, веќе по неколку години.

Хемикалијата, името го добила поради келациското заштитно дејствување кое има клеточни органели на митохондриите. Имено, концентрацијата на слободното железо особено се високи во митохондриите, кои дејствуваат како клеточни батерии, бидејќи железото таму има повеќе функции.

Но, кога сме изложени на УВА зрачењето, вишокот на железото почнува да дејствува како катализатор, кој поттикнува формирање на реактивни кислородни видови (ROS – што е заедничко име за радикалите на кислородот супероксидот, хидроксилот, пероксилот, итн.) ROS ги оштетуваат компонентите на клетките, како што се ДНК, липидите и протеините, кои за возврат ја стимулираат клеточната смрт, како и создавање на рак.

Меѓутоа, mito-iron claw, велат научниците, има способност да влезе во митохондриите (оттаму мито), каде што нема несакани ефекти како што штипката ја врзуваат за вишокот слободно железо (оттука iron claw). Соединението така спречува тоа да реагира на изложување на УВА зраците.

Испитувањата на клетките на човековата кожа покажале дека комплексот обезбедува целосна заштита од УВА зрачењето кое одговара на непрекинатото сончање во траење од 140 минути. Додека бројните нетретирани клетки претрпеле значителни оштетувања и изумреле, третираните останале целосно заштитени.

Студијата е презентирана во списанието Journal of Investigative Dermatology.