Револуционерен руски мевлем со рен за брзо слабеење

Овој револуционарен рецепт го објавила др.Ирина Стефановска, познатата фитотерапевтка, во емисијата за здраво живеење на руската телевизија. Д-р.Стефановска вели: „Благодарејќи на овој рецепт, групата жени кои беа дел од истражувањето, слабееја во обемот на струкот по 1 см дневно!“

Овој мевлем ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

Главните состојки на овој рецепт се: свеж рен, непрскан лимон со кора и мед.

ЛЕКОВИТОСТА НА РЕНОТ

Ренот (Armoracia rusticana) е повеќегодишна билка со зелен лист, бел корен и лут вкус. Потекнува од Медитеранот и Западна Азија. Во исхраната најчесто се користи коренот, но исто така се вкусни и малдите листови од билката.

Поради својот состав (витамин Ц, Б1, Б6, Б12, железо, калциум, магнезиум, фосфор…) ренот освен што е гурманско, тој е и лековито средство.

 

Неговите лечителни својства ги познавале и старите грци. Уште во 1500.г. п.н.е, го користеле за ублажување на болки во грбот. Оттогаш и поговорката: Ротквицата вреди колку оловото, репката вреди колку среброто а ренот вреди колку златото.“.

Неизоставен додаток на јадењата, посебно на масната храна затоа што го олеснува варењето. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува уморот, и најмногу им се препорачува на дијабетичарите. Го поттикнува растот и развојот на корисните бактерии во цревата.

Сокот од ренот ги уништува бактериите: дезинтерија, салмонела, туберколоза, како и многу габички кои паразитираат во човекот и билките. Ја подобрува функцијата на дигестивниот тракт и го стимулира лачењето на цревните сокови, жолчката и ензимите од панкреасот. Ренот ја поттикнува и функцијата на црниот дроб, срцето и циркуалцијата, а воедно претставува и добар диуретик и помага при ревматизам.

КАКО ДА СЕ СОЧУВА РЕНОТ СВЕЖ?

Свежиот корен може да се користи преку целата година ако навремено се закопа во влажен песок или ако се чува во подрум.

Ако имате поголем корен, можете да ја изрендате потребната количина, а остатокот да го замотате во алуминиумска фолија и да го оставите во фрижидер до следната употреба.

Ако сакате да ви остане свеж изренданиот рен и до три седмици, измешајте го со лажичка шеќер и 4 лажички лимонов сок или оцет. Во добро затворена тегла, ренот може да се чува во фрижидер и до 3 седмици.

 

 

КАКО СЕ ПРАВИ МЕВЛЕМОТ ОД РЕН?

Потребни состојки:

125 г рен

3 непрскани лимони

3 лажички мед

Постапка:

1.Исечкајте го ренот и ставете го блендер да се измикса.

2.Трите лимони исечкајте ги на коцки и отстранете ги семчињата. Додадете ги во ренот и заедно измиксајте ги.

3.Додадете го медот и убаво размешајте.

4.мевлемот чувајте го во стаклена тегла во фрижидер.

Употреба:

По една мала лажичка, двапати дневно заедно со оброк.

Резултатите започнуваат да се забележуваат по 3 седмици.