Револуционерен метод кој лекува импотенција и го менува половиот орган

Еректилна дисфункција погодува се поголем број мажи, а данските научници тврдат дека имаат решение за овој здравствен проблем. Со инјектирање на 20 м матични клетки во базата на пенисот – можно е да се оживеат нервите и крвните садови.

Таа постапка целиот полов орган го прави поголем, што истото со Вијагра не може да се постигне. Како што пишува британскиот Сандеј Тајмс, постапката засега се применува врз мажи кај кои поради карцином морало да им се отстрани простатата. Како последица од операцијата може да се јави дегенерација на нервите и крвните садови во пенисот, кои поради тоа се собираат.

Професорот Сорен Шеик, директор на данскиот Центар за регенеративна медицина, вели дека повторно добиената функција на пенисот траела повеќе од една година, но предупредува дека се потребни испитувања низ подолг временски период за да може да се добијат конечни проценки.

Тој додава и дека терапијата со матични клетки може да им помогне на милиони луѓе кои имаат еректилна дисфункција поради други болести: дијабетес, срцеви заболувања, висок притисок или едноставно поради стареење. Матичните клетки може да се израснат во многу различни ткива од човековиот организам, како нерви, црн дроб, бубрези, срце… а ефикасни се во изградбата на крвни садови.

Во текот на постапката, со липосукција се отстрануваат масните клетки од абдоменот. Тие потоа се центрифугираат, од нив се одвојуваат матични клетки кои потоа се инјектираат во пенисот на пациентот.

Последните две децении се повеќе расте интересот за терапии со матични клетки. Научниците, меѓутоа, предупредуваат дека се потребни години истражување пред да дојдат до вистинската терапија.

Професорот Шеик истакнува дека испитувањата засега добро напредуваат, но и дека патот до третманот се’ уште е долг.