loading...

Рецепт за убава проја со кој нема утка! Проверено!

Се користи стандардна шолја за кафе.

Се пече во тавче бр.28

Напомена: сечете ја малку подизладена, немојте веднаш кога ќа ја извадите од рерна, зошто многу е ровка.

Потребни состојки:

2 јајца

3 шолји обично брашно

3 шолји пченкарно брашно

2 шолји масло

3 шолји газирана вода

1 прашок за печиво

сол по потреба

loading...

Зајре по желба (сирење, сечкани маслинки, салама…).

Одозгора се наросува со сусам, ленено семе, чија семе, ким или нешто по ваш вкус

Постапка:

Се матат прво јајцата, се посолуваат, па се додаваат сите состојки и се соединуваат во една смеса, па се додава сирењето или нешто по ваш избор.

Смесата се излева во намастен и набрашнет плех, па се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути во зависност од јачината на рерната.

loading...