Веројатно сте слушнале за корисните својства на пченичните ‘ркулци. После само 24 часа ‘ртење во вода, животната сила на пченичното зрно се буди и зголемува за 100 пати, доволно, за да го исхрани целото пченично стебленце, додека да започне самојстојно да се исхранува преку коренот.

Мeѓутоа, малкумина слушнале за рецептот на младоста од нашите предци, кои користеле ‘ркулци од ореви, кои за време од две седмици ‘ртење во вода ја зголемуваат животната сила за дури 1000 пати!​

Според древниот рецепт, 1 кг ореви во лушпа треба да се полијат со ладна вода. Водата треба да ги прекрива оревите.

Вака се чуваат две седмици во стаклен сад на светло место, покрај прозор, менувајќи ја водата секојдневно. Двапати дневно треба да се промешуваат.

После две седмици, оревите се спремни за употреба. Се чуваат на ладно, најдобро во фрижидер на најниската преграда, во истата вода во која стоеле последниот ден.

Дневна доза: 3 исчистени ореви наутро и 3 навечер.

Овој рецепт кој им бил познат на нашите предци, обезбедува регенерација, подмладување на организмот на клеточно ниво, обновување на имунолошкиот и нервниот систем, чистење на системот за дигестија од токсини и исхрана на коскеното ткиво.

Терапијата треба да се повторува двапати годишно. Треба да бидат внимателни луѓето кои имаат пореметување на панкреасот-панкреатитис.

Неодамнешните истражувања покажаа дека оревите поседуваат неколку уникатни својства. Тие се шампиони по содржината на Омега-3 незаситени масни киселини.

Оревот во секојдневната исхрана ги намалува вкупните масти во организмот (холестерол и триглицериди), го намалува високиот крвен притисок, ризикот од инфаркт, ја намалува депресијата и ја подобрува работата на мозокот.

Високата содржина на антиоксидансите полифеноли помагаат во борбата на телото против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките и предизвикуваат болести.

Интересно е дека старите Сумери и Вавилонци им забранувале на робовите да јадат ореви, за да не би станеле попаметни и да не подигаат бунтови.