Рецепт кој ќе ве направи среќни – половина час, 3 состојки и ручекот е пред вас

Се уморивте од комплицирани рецепти кои бараат многу време и напор? Тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Ова пилешко ќе стане ваш омилен рецепт!

Подготвувањето на вкусен ручек не било никогаш полесно, ќе ви бидат потребни само три состојки и половина час.

Потребни состојки:

500 грама пилешко месо

500 милилитри Хопла за горвење

2 кесички инстант супа од печурки

Подготовка:

Исечкајте го месото и ставете го во огноотпорен сад.

Супите проварете ги неколку минути во 500 милилитри зовриена вода.

Потоа, додадете ја хоплата, соединете добро и прелијте го месото.

Печете околу 30 минути на 200 степени целзиусови.

Добар апетит!