Цистите се појавуваат на различни делови од телото, особено кај жените. Медицински методи најчесто се инвазивни и болни, но проблем е што често се случува повторувања по медицинскиот третман.

Народната медицина многу често знае да биде од помош при лекување на многу заболувања. Кога сме кај цистите, еве еден рецепт со алое вера.

Потребни состојки:

Половина литар медицински алкохол, не е бите процентот

Половина килограм квалитетен мед

0,75 литри црвено вино

Половина килограм кафе од цикорија

150 грама листови од Алое (билката не смеете да ја наводнувате 7 дена пред да се соберат листовите)

Постапка:

Листовите од Алое исчистете ги од боцките, па потоа сомелете ги во машина за мелење месо или блендер. Додадете ги преостанатите состојки и добро промешајте.

Ќе ви биде потребна поголема тегла, по можност од 3 килограми, за да соберат сите состојки. Затворете ја теглата и оставете ја на некое темно и ладно место 14 дена.

Потоа, процедете ја содржината и складирајте ја во стаклени шишиња. Течноста се пие еден до два часа пред јадење, три пати на ден, по една супена лажица.

Важно е желудникот да биде празен пред и после консумирање на народниот лек, за да не се меша со храната. Кога ќе ја испиете првата доза, направете уште една и продолжете да пиете дури не ја потрошите и втората!

Многумина велат дека овој напиток им помогнал повеќето цисти да исчезнат, особено оние помалите, од градите, бубрезите и женските органи. Најчесто се потребни две дози.

Нема да погрешите ако овој лек го консумирате и превентивно, за зголемување на имунитетот и подобрување на општите перформанси на организмот.

Кај децата овој лек се дава како превенција за подобар имунитет, но во помала количина, прилагодена според нивната тежина. Оптимално би било половина супена лажица, три пати на ден.