Прстенот од рака не се дава никому да го пробува, особено невестата не ја дава својата бурма. Тој брак нема успее и ако веќе сте разведени, сетете се, дали некому, било кому, сте го давале вашиот прстен од рака за да го проба.

Многумина ова го прават не знаејќи дека со тоа однапред го осудуваат својот брак на пропаст. Таквиот брак, колку и да се трудите нема да успее – тврди една локална исцелителка и видовита жена од Балканот, К.Р.

Омразата која ја чувствуваат партнерите најчесто не е реална, таа е плод токму на тие негативни магиски струења кои треба да се отстранат, за да можете да најдете нова среќа или да ја обновите старата љубов – додава таа.

Прстенот отсекогаш бил силен симбол, означува авторитет, статус, чест, припадност на одредена група, сталеж, моќ, вечна љубов…

Неговиот облик, кругот, симболизира вечност, непрекинато движење, единство, поврзаност, заедничка судбина – па затоа се разменува на венчавка.

На прстенот исто така му се придаваат и магиски, окултни и исцелителски моќи, може да се носи како талисман и како заштита од зли сили. Приказни и легенди за прстените има безброј, но заедничкото за сите нив е тоа дека прстенот го отсликува карактерот и личноста на оној кој го носи, па како посебен дар може на сопственикот да му помогне да ги победи своите стравови, сомнежи и да ја стекне најголемата моќ – моќ за владеење над самиот себеси. Сите уроци прстенот ги затвора и го штити сопственикот. Кога жената прима прстен од мажот, таа веќе му припаѓа нему, според толкувањето на египетските хиероглифи.

Дури и материјалот од кој е изработен вереничкиот прстен симболизира вечност, а тоа е златото.