Ракот на кожа не е “нешто што му се случува на некој друг”, туку сурова реалност која може да го снајде секого од нас

“Од ова навистина може да се умре!” Ако не ги сфатите сериозно предупредувањата на дерматолозите и редовно да ја следите секоја бенка, секоја промена на кожата, но и да се штитите од сончевите зраци, лесно може да се случи и вие во неверување да ја изговорите оваа реченица.

Со бенките на кожата не треба да се игра, дури и ако денес се можеби бенигни, никогаш не се знае кога ќе се променат.

Сепак, повеќето од нас ги игнорираат предупредувањата на експертите и ниту ги контролираме своите бенки на лекар, ниту користиме адекватна заштита кога се изложуваме на сончеви зраци.

Внимателно погледнете ја горната фотографија. На неа се гледаат две бенки. За жал, едната од нив е темпирана бомба, за која не се знае дали и кога ќе експлодира.

Станува збор за десната, црвенкастата бенка, која повеќе потсетува на некоја ситна акна, но која постојано е тука.

Фотографијата е сопственост на Саша Ј., момче кое поради оваа, но и поради многу други црвени точки по своето тело, барем еднаш во 6 месеци мора да посети дерматолог.

А ова е неговата приказна:

-Татко ми целиот свој живот ги имаше тие црвенкасти бенки по телото. Еден ден, една од нив започна да расте, а потоа пукна. Бидејќи раничката го чешаше и болеше, тато отиде на дерматолог тоа да му го средат.

Лекарите имаа лоша вест. Му соопштија дека има малиген меланом, смртоносен рак на кожата.”

За среќа по таткото, релативно навремено го откриле ракот, па сега – после операцијата и неколкуте мачни хемотерапии – е излекуван.

Но, лекарите му рекле дека ниту другите слични бенки кои ги има, нималку не се наивни. За да биде уште полошо – и Саша ги наследил.

-Свесен сум за тоа дека мојата кожа секој момент може да ме убие. Иако имам прилично темен тен и многу лесно поцрнувам, не сум безбеден.

Штом започне првото посилно сонце, морам целото тело да го мачкам со креми со најсилен фактор против УВ зрачење.

Можете да ме видите на градските улици како некој лудак, дури и на *40 одам во маици со долги ракави, заштитен со шешир – вели Саша.

Исто така, тој и татко му редовно одат на прегледи, а во периодите помеѓу, сами себе си ја прегледуваат секоја точка, за навремено да забележат било каква промена.

-Кога ќе ме видат на плажа како се мачкам со лосиони, другарите и другарките ме зафркаваат дека сум бил многу нежен.

Но, јас навистина не сакам да минувам низ пеколот низ кој мораше татко ми да мине. Затоа и сите други ги терам да се мачкаат – открива тој и додава:

-На овој начин би сакал да ги предупредам сите луѓе дека ракот на кожа не е “нешто што му се случува на некој друг”, туку сурова реалност која може да го снајде секого од нас – порачува Саша.

Затоа, луѓе, сфатете ги предупредувањата на експертите сериозно! Уживајте на плажите, но бидете внимателни и заштитени!