Радикално чистење на цревата – ова мора секој да го направи

Потребни состојки:

500 г свеж морков

500 г свежо цвекло

1 рака суви кајсии

1 рака суво грозје

1 лажица мед

Постапка:

Обидете се да пронајдете состојки кои имаат органско потекло.

Земете половина килограм свеж морков и исто толку сирово цвекло. Зеленчукот ситно исечкајте го и ставете го во чист емајлиран лонец.

Прелијте со врела вода така што водата да биде два прста над зеленчукот.

Потоа додадете по една рака сечкани суви кајсии и суво грозје.

Ставете го лонецот на оган, водата да зоврие. Веднаш потоа тргнете го лонецот од оган. Кога малку ќе излади, додадете во тоа по една лажица мед и оставете да отстои поклопено 12 часа на ладно и суво место.

Потоа, течноста добро истиснете ја и процедете. Течноста пијте ја, а остатокот можете да го искористите за потребите во кујна.

Оваа количина е доволна за 2 дена.

Консумирање:

Пијте по половина чаша (100-150 мл) трипати дневно пред оброк.

Чистењето на цревата со помош на овој рецепт нека трае еден месец. Потоа цревата ќе бидат препородени.

Преостанатата течност чувајте ја во фрижидер.