Пудинг топчиња – толку меки, толку вкусни, а толку едноставни

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл вода

3-4 лажици шеќер

1 пудинг од ванила

1 лажичка екстракт од ванила

100 г кокос + 100 г за валкање

3-4 капки црвена прехрамбена боја

ПОСТАПКА:

Во малку вода разматете пудинг, а преостанатата вода оставете ја да проврие со шеќер. 

Потоа сварете го разматениот пудинг и мешајте додека да згусне, па тргнете од оган и оставете да излади.

Во изладениот пудинг измешајте 100 г кокос и екстракт од ванила, па добро измесете со раце за убаво да се соедини.

loading...

Смесата поделете ја на два дела, па во едниот ставете прехрамбена боја.

Формирајте топчиња со дланки и валкајте ги во кокос.