Проверено: ако косата ви опаѓа и брзо се масти – ОВАА маска ќе ви ја спаси

Во последно време, маските за коса со синап во прав, се препорачуваат како најефикасно средство за обновување на косата. Синапот е познат како билка од која се прави сенфот. Всушност, синапот поседува својство за подобрување на циркулацијата на кожата од главата а благодарение на ова дејство ја подобрува структурата на косата.

Првенствено, маската со синап се препорачува при обилно опаѓање на косата и при зголемено мастење на истата.

Оваа маска особено е погодна за лицата со масна коса, бидејќи синапот ја намалува активноста на лојните жлезди, косата помалку се масти и подолго останува чиста. Исто така, го забрзува растот на косата и и’ го враќа природниот сјај.

Ако имате чувствителна кожа на главата или сте склони кон алергии, тогаш подобро да не ја користите оваа маска. Во останатите случаи, благодарение на ова народно средство, можете воочливо да го подобрите здравјето и состојбата на вашата коса.

2 РЕЦЕПТИ кои се подеднакво ефикасни, одберете кој повеќе ви одговара.

1.МАСКА

 Потребни состојки:

1-2 супени лажици синап во прав

1 жочка

50 мл топол кефир (јогурт) помешан со 1 лажичка шеќер

2.МАСКА

Потребни состојки:

1-2 супени лажици синап во прав

50 мл топла (не врела) вода

1 жолчка

1 супена лажица масло (маслиново, чичково, рузмариново)

1 кафена лажичка шеќер

Важи за двете маски: состојките добро измешајте ги.

Маската се нанесува на валкана сува коса.

Се нанесува со четка од коренот на праменот од косата, без да се допираат врвовите доколку се премногу суви. Замотајте ја главата со најлонска ќеса и пешкир или ставете капа.

Маската се држи на глава од 15 до 60 минути, во зависност од тоа колку можете да издржите, бидејќи оваа маска пече. Инаку тој чудесен ефект е заснован на неговото иритирачко дејство- бидејќи доаѓа до загревање и зголемување на циркулацијата во кожата на главата, а со самото тоа и прихраната на фоликулите со што се забрзува растот.

Првиот пат мора да издржите 15 минути, па дури и да си мислите дека во вашата глава се случува „нуклеарна војна“. За 15 минути нема да настане никаква штета на косата или на кожата. Со време ќе се прикнете и ќе го продолжите делувањето на маската до еден час.

Маската се мие со топла вода (не врела, не студена). После тоа, косата измијте ја со шампон на вообичаен начин. Потоа нанесете балсам за коса, за да не дојде до нејзино пресушување.

Маската применувајте ја еднаш во 4-5 дена, во текот на еден месец. После тоа направете пауза, па повторете го третманот.

Веќе после првиот месец од користењето на маската, на вашата коса значително ќе и се забрза растот и ќе стане појака. Ќе добие природен сјај а со време и волумен.

Правила кон кои мора да се придржувате:

1.За маската користете исклучиво синап во прав а не готов сенф. (Купете го синапот во билна аптека или во продавница за храна, а потоа смелете го во апарат за мелење кафе и чувајте во затворен сад).

2.Ако имате чувствителна коса, пред да ја нанесете маската, направете тест за алергиска реакција на кожата: нанесете ја приготвената маска на внатрешната страна од раката. Ако не постои силно црвенило или јадеж, туку само благо пецкање- можете слободно да ја користите маската без страв од алергиска реакција.

3.Маската се нанесува исклучиво на валкана коса.

4.Разблажете ја исклучиво со топла вода (кефир, јогурт).

5.Се држи од 15 до 60 минути, не подолго!

6.Се мие со млака вода, ни премногу жешка, ни премногу студена.