Протеини: еве што треба да јадете ако не внесувате месо кога постите

Протеините се многу важни- нашето тело ги користи за изградба и раст на клетките. Сите знаат дека месото, јајцата и млечните производи се извор на протеини, но не се единствените кои му ги даваат на телото овие важни микромолекули. Вегетаријанците и веганите можат да ги добијат од мешунките и темнолистестиот зеленчук како и од низа други намирници.

ГРАШОК

Мешунките се одличен извор на протеини, а еден грст грашок има околу 8 грамови. Жените би требало дневно да внесуваат по 46 грама а мажите околу 56 грама протеини.

КИНОА

Повеќето житарки содржат малку протеини, но киноата е посебна бидејќи содржи околу 8 грамови протеини, но и сите девет основни аминокиселини кои ни се потребни, во само еден филџан.

ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ И НИВНИОТ ПУТЕР

Сите јаткасти плодови содржат здрави масти и протеини, што ги прави важен дел од вегетаријанската исхрана.

Околу 30 грама бадеми, индијски ореви или фстаци имаат околу 160 калории и околу 5-6 грама протеини. Најдобро е да се јадат сирови или малку потпечени на сува тава.

ГРАВ

Сите видови грав се полни со протеини. Две чаши обичен грав имаат околу 26 грама протеини.

НАУТ

Наутот може да се јаде печен, варен, додаден во салата или како пире. Само половина лажица наут има околу 7 грама протеини, малку калории а многу влакна.

ТОФУ

Намирниците направени од соја се меѓу најголемите извори на протеини за вегетаријанци. Половина чаша тофу има околу 15 до 20 грама протеини.

СОЈА

Варената соја содржи околу 8 грамови протеини за половина чаша. Мешунките од соја можете да ги јадете како предјадење или како салата.