Многу вкусен и здрав оброк кој можете често да си го проготвувате. Освен што е многу вкусен, одличен е за здравјето на цревата, а исто така, може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми. Пригответе си го уште денес поред наведениот рецепт.

Потребни состојки: 150 г пченкарна палента, 3 јајца, 200 г брашно, 300 г ситно сирење, немасно, 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво, 200 мл јогурт, 100 мл сончогледово масло

Постапка: Додека се приготвува смесата вклучете ја рерната на 200 степени. Во една чинија изматете ги сите јајца додека станат благо пенасти и во нив додадете масло и јогурт, а потоа смесата добро се меша со миксер.

Откако ќе се добие хомогена смеса додадете брашно и палента измешани со лажичка сол и прашок за печиво. Јас користам безглутенско брашно. Кога сите состојки добро ќе се промешаат и изедначат, додадете ситно издробено сирење.

Во модли или поголем плех се истура смесата (претходно намастени со малку масло), и се печат на 190 степени додека да зарумени. Можете со чепкалка да проверите дали проичките се доволно печени. А сега ќе ви ја откријам диетата која неодамна ја прочитав на нет:

ДИЕТА СО ПАЛЕНТА И ЈОГУРТ

Ова е всушност диетата која во последно време е многу популарна меѓу холивудските актери. Јогуртот често се користи во разни диети бидејќи ја регулира микрофлората и перисталтиката на цревата. Резултатите се уште подобри ако се комбинира со палента.

За оваа цел најдобро е да се користи домашна палента од органска пченка и да се комбинира со јогурт со низок процент на млечни масти.

Потребно е да се консумира чинија палента со јогурт двапати во денот, најдобро за појадок и вечера, 2-3 часа пред спиење.