loading...

Пробиотици и витамин Д3 – одлична комбинација за градење на имунитет кај децата

Дали сте знаеле дека 70 до 80% од нашиот имунитет e локализиран во цревата? Слузницата на тенкото црево е полна со лимфни јазли.

Овие лимфни ткива или Peyer- лимфни ткива се едни од првите места во мукозната мемрана каде се изведуваат имуни реакции.

Со администрирањето на пробиотици се стимулира транспортот на таргетираните антигени преку лимфните ткива во тенкото црево.

Орална администрација на lactobacilli може да ја зголеми неспецифичната резистентност на домаќинот кон патогените со што се намалуваат патогените во цревата.

Со ин витро испитувања се покажало дека некои од живите млечнокиселински бактерии индуцираат продукција на проинфламаторни цитокини, тумор некротички фактор и интерлеукин 6, стимулирајќи го неспецифичниот имунитет.

Орална администрација на Lactobacillus casei и Lactobacillus bulgaricus активира продукција на макрофаги а L. casei and Lactobacillus acidophilus активира фагоцитоза кај глувци.

Појачана фагоцитоза кај луѓе било потврдено со студии при администрација на L. Acidophilus.

Фагоцитозата е одговорна за рана активација на инфламаторниот одговор пред продукцијата на антитела. Фагоцитите испуштаат токсични агенси како реактивни кислородни посредници како и литички ензими во разни воспалителни реакции.

Во последно време подобрена фагоцитна активност е забележана каj бебиња со атопичен дерматит.

loading...

Ова покажува дека капацитетот за генерирање и испуштање на функционално активни продукти е зголемен кај фагоцитите од пациенти со алергична инфламација.

Со тоа се покажало дека пробиотиците ја модулираат фагоцитозата различно кај здрави особи и кај особи со алергија. Покрај пробиотиците , потврдено е и дека витамин Д има важна улога во модулирањето на имуниот систем.

Два клучни фактори го објаснуваат значењето на имуномодулаторското дејство. Првиот е дека има голем број на податоци и студии кои кои ја поврзуваат вит. Д инсуфициенцијата со имунолошки заболувања.

Намалените нивоа на прекурсурот, претходникот на витамин Д, 25 хидроксивитамин Д се поврзуваат со автоимуните болести како мултипла склеоза, тип 1 дијабет, и Кронова болест.

Последните студии покажуваат дека и туберкулозата е поврзана со намалени нивоа на овој витамин. Вториот фактор на со кој полесно се објаснува поврзаноста на витамин Д и имуниот систем се подобрените сознанија во однос на механизмот на дејство.

Имено, клетките од имуниот систем можат да го конвертираат 25 хидроксивитамин Д во активен 1,25 хидроксивитамин Д.

Механизмите како овој се важни за промовирање на антимикробен одговор кон патогените во макрофагите како и за регулирање на созревање на антиген-презентирачки дендрични клетки.

Витамин Д исто така ја регулира и функцијата на Т лимфоцитите, односно Т клетките покажуваат директен одговор на 1,25-дихидроксивитамин Д, особено развојот на регулаторните супресорни Т-клетки.

Како заклучок од овие истражувања произлегува дека витаминот Д е клучен фактор за поврзување на вроден и стекнат имунитет.

Д-р Љиљана Хаџи Меновска, специјалист по педијатрија

loading...