Фото и рецепт: Тања Трајковска

Се ближи големиот христијански празник Прочка

Еве една варијанта за Сунѓерка… кај нас тоа се прави

ШАРЕНА СУНЃЕРКА

Потребни состојки:

5+5 јајца
10+5 лажици шеќер
10+5 лажици брашно
1 прашок за печиво
какао за поросување

за шербет:

800 г шеќер
800 мл вода
1 лимон

Постапка:

1.Прво се кршат 5 цели јајца а од другите 5 се двојат белки од жолчки. Жолчките се додаваат во целите јајца а белките се оставаат посебно.

2.На целите јајца им се додаваат 10 лажици шеќер, па се матат. Пред крај се додаваат 10 лажици брашно и ½ кесичка прашок за печиво.

3.На белките им се додаваат 5 лажици шеќер и се матат, па пред крај им се додава 5 лажици брашно и ½ кесичка прашок за печиво.

4.Во намастен и набрашнет плех бр.40, се истура половина од жолтата смеса, па преку цедалка се наросува какао.

Врз овој слој се става белата смеса, повторно се наросува какао, па на крај се истура втората половина од жолтата смеса. Се става да се пече во загреана рерна на 180 степени.

5.Шербет: 800 мл вода и 800 г шеќер да врие додека шеќерот да се растопи и да згусне, па се додава еден лимон исечкан на тркалца.