Превенција против рак: Природен рецепт со пченични ‘ркулци

Ова е рецепт за природен лек кој се покажал како многу успешен во лекувањето на многу болести, меѓу кои и карцином, а ни го открива рускиот лекар Х.Мермерски:

„Со овој лек излекував илјадници луѓе. Тоа е храна за лекување на целиот организам, а ракот од таквиот организам самиот се повлекува“ – рекол професорот Мермерски на своите предавања.

Овој природен лек многу добро делува комплетно врз целиот организам, но ова се некои најзначајни бенефити:

-ги чисти крвните садови;

-го лекува срцето;

-го обновува имунолошкиот систем;

-го чисти црниот дроб;

-ги прочистува бубрезите (целиот систем за излачување);

-го прочистува дигестивниот систем од патогени микроорганизми;

-Ја подобрува работата на мозокот и памтењето;

-Заштитува од инфаркт и ги лекува лицата кои го преживеале

-Ги лекува воспалените зглобови

-Ја регулира телесната тежина

-Лекува карцином и претставува одлична превенција од сите видови тумори.

РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

400 г пченични ’ркулци

15 свежи лимони (најдобро непрскани)

12 цели главици лук (не чешниња, туку главици)

1 кг домашен, квалитетен мед

400 г свежи оревови плодови (јатки)

Постапка:

За приготвување на овој лек претходно треба да ги направите пченичните ’ркулци.

Земете 400 г пченица и ставете ја во чиста стаклена тегла па налејте ја со вода. Оставете да отстои така преку ноќта.

По 10-12 часа процедете ја пченицата преку газа и добро исплакнете ги зрната.

Пченицата повторно ставете ја во чиста тегла. После 24 часа таа ќе из’рти со ’ркулци од 1-2 мм.

Сомелете: из’ртената пченица, оревите и исчитените главици лук. Потоа сомелете пет лимони со кора, па сето заедно измешајте го во емајлиран лонец.

Од останатите лимони процедете го сокот, па додадете го во останатата смеса и мешајте додека да стане хомогена. Додадете го медот и мешајте со дрвена лажица, па складирајте во стаклени тегли кои ќе ги чувате во фрижидер.

После три дена лекот е готов за консумирање.

Употреба:

По 1-2 супени лажици, 30 минути пред појадок, пред ручек, пред вечера и пред спиење. Се консумира додека да се потроши дозата, односно до излекување.

Превентивно, една доза се консумира еднаш годишно.

За лекување на рак, лекот се консумира на секои два часа!

Рецептот гарантира здравје и долг живот, ја чува свежината на телото, младоста и енергијата затоа што ги содржи сите неопходни витамини, минерални соли, биоактивни супстанции, протеини, јагленихидрати и растителни масти. Ја подобрува работата на сите внатрешни органи и жлезди.