Пред секој оброк јадете јаболко – ќе ги стопите масните наслаги!

Јаболкото е овошје чии корисни и здрави својства ги потценуваме и често забораваме. Јаболкото е особено познато по тоа што ги штити забите и ги топи масните наслаги. Испробајте ја оваа диета која содржи само вкусни и здрави намирници, а која ќе ви помогне без гладување да се ослободите од вишокот наталожени килограми.

Секоја диета за да биде добра за вашиот организам, пред се’ треба да биде разновидна и да ги содржи сите потребни состојки.

Диетата со јаболка е наменета за лица кои сакаат на здрав начин да ослабат. Се состои од 4 оброци дневно, а пред секој оброк морате да изедете јаболко.

Дневното мени содржи малку јагленохидрати и доволно протеини кои докажано го намалуваат апетитот. Комбинирајте ги следните намирници и уживајте во вкусните оброци.

 

ПРЕПОРАЧЛИВИ НАМИРНИЦИ:

-Овошје и сушено овошје

-Јаткасти плодови

-Свежо сирење, јогурт

-Јајца

-Пилешко месо, мисиркино месо, телешко, риба

-Интегрални житарки, овесни снегулки

-Брокула, прокељ, морков, домат

-Блитва, спанаќ, зелена салата.

ОДБЕГНУВАЈТЕ: колачи, и се што е благо. Доколку не можете да издржите, во тој случај подобро да изедете еден ред темно чоколадо.

 

ПРИМЕР ЗА ДНЕВНО МЕНИ:

Појадок: Јаболко (пред оброк), омлет и овесни снегулки со јогурт(млеко)

Ужина: чаша јогурт со намалена масленост или парче свежо сирење

Ручек: јаболко, 2 парчиња печени пилешки гради, варена брокула, 2 раце интегрален ориз

Ужина: овошје или варен зеленчук по избор, јогурт

Вечера: јаболко, лосос или бела риба на скара и салата по желба.