Доколку имате „патувачка болест“ односно „морска болест“ или повремени, ненадејни вртоглавици и мачнини од непознато потекло, ви предлагаме да го испробате следниот природен лек.

Земете половина чајна лажичка ѓумбир во прав. Испијте го со вода половина час пред патувањето. Тоа е се’.

Лекот е стар повеќе од илјада години и датира од времето кога го применувале кинеските морнари пред патувањата. Со тоа ја одбегнувале морската болест. Честопати носеле и свеж ѓумбир со себеси, па во текот на патувањето го џвакале и растопувале во устата.

Подоцна лекот е испробан и кај луѓе кои имаат различни облици на мачнина и вртоглавици. Овој метод се покажал како делотворен, и покажал успех кај преку 70% од случаите кај луѓе кои патат од овој проблем.

Исто така, се забележало дека делотворноста на ѓумбирот е во времетраење од неколку часа (4-5), а доколку се појави потреба, може да се повтори.

За разлика од таблетите кои се користат за болести на патувањето и предизвикуваат поспаност и млитавост на организмот, ѓумбирот е целосно безопасен и многу корисен за човекот.