Колку време минувате со вашето дете? Покрај тоа што му приготвувате храна, му читате книга и го успивате, времето од три минути може да биде клучно кога станува збор за тоа дали детето ќе има доверба во вас.

Психологот Наталија Ситотиќ го објаснува правилото на „3 минути“ за кое тврди дека ја зацврстува довербата на вашето дете до тој степен, што ќе ви верува и кога ќе стане тинејџер.

Еве за какво правило станува збор:

Правилото на три минути подразбира дека со детето треба да се поздравите секојпат како да не сте се виделе долго време, па дури и ако сте биле разделени само пет минути кога сте излегле до продавница.

Покрај тоа, многу е важно да клекнете за да ви бидат погледите на исто рамниште и тие три минути да го гушкате детето и да го прашате што се случило во ваше отсуство. Многу е важно ова правило да почнете да го применувате кога детето ќе тргне во градинка, училиште или кога ќе се вратите од работа.

Зошто ова е неопходно?

Според зборовите на психологот, во текот на првите минути откако сте се виделе, детето ќе ви каже се’, односно сите информации кои ги запатило.

Последиците од игнорирање на правилото од три минути може да се разликуваат во зависност од карактерот на детето. Некој кој нема можност да им каже на родителите се’ кога може, нема да зборува за важните работи и со тек на време некои работи ќе му потполно изгледаат неважни за да зборува за нив. Во тој случај, родителите можат да останат без важни информации.

Некои други деца ќе зборуваат цела вечер, присеќавајќи се на новите факти и на крајот ќе ја имате целата приказна. Родителите на таквото дете се под ризик да не слушнат многу работи бидејќи говорот на детето со тек на време, за нив ќе стане само галама во позадина.

Дополнителни препораки

Важно е да знаете дека правилото од три минути не значи дека треба да поминете само три минути дневно со вашето дете. Тоа значи дека мора да поминете три минути со него откако сте се сретнале за да слушнете што се’ има важно да ви каже. За да го достигнете нивото за целосно разбирање со детето, би требало да ги следите следните препораки на психологот:

-Секој ден поминете време работејќи нешто заедно со вашето дете.

-Нека слушне детето дека го разбирате. На пример, повторете ја информацијата која сте ја слушнале од детето за да бидете сигурни дека добро сте разбрале.

-Не покажувајте лажно возбудување.

-Вратете се малку подоцна за да разговарате, за да му дадете до знаење дека сте запамтиле за што претходно сте разговарале.

-Одбегнувајте долги и бескорисни расправи, дури и ако е во прашање нешто потполно очигледно за вас. Само кажете му на вашето дете: „Во ред, разбирам дека не се сложуваш со мене“.