Прав турски сутлијаш: никогаш во животот не сум пробала подобар…

Потребни состојки:

6 шолји за млеко вода

2 шолји ориз

3 шолји млеко

15 лажици шеќер

2 ванилин шеќер

1 пудинг од ванила

Цимет за наросување, по желба

Постапка:

Ставете на оган водата да зоврие, додадете го оризот и мешајте да не загори. Кога речиси е готов, додадете млеко, шеќер и ванилин шеќер.

Пред крај, малку да се тргне од оган, кога сè уште е редок, додадете го пудингот претходно промешан со малку млеко. Кратко вратете на оган да удри уште еден клуч и тоа е тоа…

Врелиот сутлијаш ставете го во влажни садови, а доколку сакате одозгора наросете цимет.

Може да се додаде и суво грозје, во изворниот рецепт го има, но јас не го ставам.

coolinarka.com