Дали сте слушнале за пастели? Комбинацијата на состојките од кои се направени овие вкусни бомбици, е навистина уникатна. Рецептот датира од времето пред 6000 години и се споменува во античка Грција и Блискиот Исток.

Овој деликатес или лек се споменува и во Хомеровата Илијада под името intrion. Станува збор за навистина највкусниот рецепт кој некогаш сте го пробале а кој истовремено има и добри лековити карактеристики.

Во Хомеровата Илијада пастелите им се давале на Хелените-војници за да имаат доволно сила и енергија во текот на битките. Пастелите се спомнуваат и во египетските записи каде жените ги користеле за зголемување на сексуалното либидо и уживање.

Прочуениот грчки писател и „татко“ на историјата Херодот, во своите записи пастелите ги нарекол истовремено и лек и деликатес.

Што се всушност пастели? Станува збор за мешавина од две суперздрави намирници: сусам и мед. Уште ги нарекуваат и пита од сусам и мед.

Изворниот рецепт е следниот:

300 г тахини (паста од чист мелен сусам)

300 г природен мед

Постапка:

Измешајте ги овие две намирници во сад. Претходно можете да го истурите вишокот масло кое ќе избие на површината од тахинот. Двете состојки се течни, но она што е интересно е дека кога добро ќе се измешаат, се добива тврда смеса. Добиената маса може да се обликува како пластели.

Правете топчиња или облик кој вам ви одговара и посипете ги со сиров сусам.

Топчињата наредете ги во некој сад и ставете ги во фрижидер.  Во смесата додека ја мешате можете да додадете по вкус и ситно сечкано јаткасто овошје. Не се препорачува печење на топчињата (иако може доколку сакате) бидејќи се губат дел од лековитите материи.

Се консумираат по 2-3 топчиња дневно. Иако ќе би биде тешко да прекинете со јадење после третото топче, сепак бидете умерени затоа што имаат голема калорична вредност.

Комбинацијата од овие две состојки е навистина „светиот грал“ за здравјето бидејќи помеѓу останатото содржат: цинк, железо, влакна, магнезиум, калциум, бакар и низа витамини, посебно од Б-групата, односно сите состојки кои се клучни за здравјето и функионирањето на организмот.

Според истражувањата, комбинацијата со која се создава синергија е делотворна и за регулирање на мастите во крвта, посебно на односот меѓу ЛДЛ и ХДЛ холестеролот.

Пастелите делуваат идеално и за неправилната работа на срцето, високиот крвен притисок и подобра циркулација. Ја дава неопходната енергија и сила за тешко-физичка и психичка работа.

Истражувањата покажуваат дека редовното користење на пастелите (мед и сусам) го решава хроничниот умор, нервозата и депресијата, значително го подобрува либидото, стресот и тоа само по само три седмици редовно консумирање.

Новата студија на Clinical Journal of Nutrition ја потврди корисноста на медот и сусамот за редукција на депресијата, артеросклероза, мултиплекссклероза и висок крвен притисок.

Пастелите содржат дури 182 елементи кои се корисни за здравјето на нашиот организам, а посебно е голема концентрацијата на антиоксиданси кои го спречуваат развојот на карциномот и некои други тешки болести на клеточно ниво.

Само едно или две топчиња пред некој важен настан, ќе ви даде долготрајна енергија и одлично гориво за здравје на целиот организам.

Оние кои не можат сами да го направат тахинот, можат да го купат во продавниците за здрава храна. Инаку, едноставно се прави, со подолготрајно мелење на сировиот сусам во блендер.