Потресно видео: Го ставил бебето во машина за перење, а кога се вратила мајката имала што да види

По социјалните мрежи кружи снимка од бебе заробено во машина за перење алишта, а како што пренесуваат странските медиуми, ова момче го затворил и го снимил, бејбиситерот.

Како што може да се види на снимката, двегодишниот Каспер се обидува да ја отвори вратата, но безуспешно. Според британскиот Метро, мајката на Каспер, 21-годишната Жанета, го оставила своето дете на познаник, за да заврши некои работи надвор.

Меѓутоа, кога се вратила – имала што да види.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција и започната е истрага за злоставување на дете, а во самиот случај е вклучена и социјалната служба.

Детето за цела среќа, во текот на овој инцидент не е повредено.

Во текот на истрагата на овој случај, полицијата пронашла фотографии на кои се гледа како двегодишното детенце е приморано да консумира цигари. Мајката негирала било каква поврзаност со овој случај, тврдејќи дека телефонот го имала оставено дома.

Видеото го објавил 19-годишниот Матеус кој го привела полицијата, но набрзо го ослободила. Уште еден 18-годишник бил приведен во врска со овој случај, како и таткото на детето, како што пренесуваат медиумите. Сите овие би можело да бидат обвинети за злоставување на детето.