ПОТРЕСНА ИСПОВЕД! Одам во болница, а мажот ми пијан ми вели: Ако ти ја отсечат и другата града, не се враќај дома!

Како изгледа борбата со ракот, знаат само оние кои се соочиле со ова злокобна болест. Марица Бркиќ од селото Светозар Милетиќ е еден од таквите борци. Нејзината животна приказна ви ја пренесуваме во целост, секој детаљ. Ракот изгледа вака: искрено и без утешни зборови.

Марица Бркиќ од селото Светозар Милетиќ:

“Јас сум родена во Босна, во педесеттите години на минатиот век, а како девојче отидов во селото Светозар Милетиќ, во близина на унгарската граница да берам пченка.

На овие простори, времето знае понекогаш да биде убаво, но кога врне дожд, снег и има мраз, тогаш е ладно до бескрај. Но морав да работам. Пченката во Босна не е со некој квалитет, но добра е за стоката.

Својата заработувачка од пченката им ја праќав на моите дома, а јас тука во Бачка, останав и се омажив.

Вредно работев, мојот сопруг беше оддаден на алкохолот, па морав сама да се грижам за куќата, децата, бавчата, нивата. Имавме крава и многу стока, косев трева, го пренесував сеното… Не можев себеси многу да се штедам, а ниту да одам на лекар за редовни контроли.

Во 1986 година, кога имав нешто повеќе од 30 години, едниот син ми беше во петто одделение, а другите двајца, близнаците второ. Страшно ме заболеа градите и морав да одам во болница.

Докторот ми рече дека имам канцер на града и ако не ми ја исечат. ќе умрам. После операцијата одев во Осиек на зрачење. Немав многу посети, единствено ме посетија докторката и сестрата од Сомбор, за што ми беше многу драго.

После таа терапија, се чувствував подобро.

Поминаа девет години од кога ме оперираа, се навикнав да се служам и со левата и со десната рака, бидејки на село има многу работа и мора да се работи за да се преживее.

Следува најстрашното за Милица:

Кога, еден ден, повторно болка, но сега во десната града. Повторно на лекар и повторно предлог за операција. Децата беа веќе потпораснати, но тие беа сè уште деца.

Сопругот по старо, со шишето ракија во раце. Едно од близначињата ми вели: Тато сношти беше пијан и ни рече дека ти мама, ќе умреш! Мама, навистина ли ќе умреш?

Срцето ми се распори, но ништо не проговорив, тешко ми е. Тргнувам за на болница, а мажот ми бесчувствително и пијано вика по мене:

Ако ти ја отсечат и другата града, не се враќај дома! Што ќе си ми!

Децата ми останаа со золвата која беше немажена, немаше деца и сакаше да ни помогне.

Се чувствував страшно, но со силна волја и желба да бидам со децата ја издржав и таа втора операција. Сопругот подоцна се обеси, како тој да имаше поголеми грижи од мене. И мене ми доаѓаа такви помисли, но живеев за децата.

Еден од близнаците се ожени, сопругата беше многу постара од него. Мислеше дека снаата ќе ни помага, но таа набрзо го остави и згора на тоа ни го остави и детето. Уште поголем терет за сите нас. Среќа што золвата е сеуште со нас и ни помага.”

Приказната за Марица Бркиќ е објавена во книгата на Милица Маринковиќ “Да се живее како порано”. Во книгата со 52 вистински приказни, нејзината приказна се вика “Марица”

Извор: Zena Blic RS