На интернет се појави нов метод за отстранување на митесери и сликите делуваат и повеќе од ветувачки!

Верувале или не, ова што го гледате на фотографијата се извлечени митесери. А сето тоа е постигнато со метод во три чекори.

Станува збор за трик со кој се намалуваат порите, а на површина се извлекува нечистотијата. Се’ започна на Редит, а постапката е многу едноставна. Се започнува со чистач на база на масло. Кога ќе се втрие во лицето и се отстрани остатокот, на лицето се става глинена маска. Следи втора тура маслен чистач кој треба подолго и посилно да се втрие во лицето.

После тоа, велат дека митесерите сами излегуваат, а вие останувате со чиста кожа и намалени пори.

Сепак луѓето што имаат чувствителна кожа треба многу внимателно да пристапат на овој метод, бидејќи комбинацијата од глина (која ја суши кожата) и силниот пилинг може да доведе до иритација на кожата.

МАСКА ОД ГЛИНА

Ова е класичен начин и веројатно најпопуларен ширум светот.
Глината можете да ја купите во сите продавници за здрава храна и аптеки, а постојат и маски кои се купуваат во аморфна маса, во вид на кал, додека останатите се во прав, што е попрактично, бидејќи има подолг рок на траење. Глината во прав едноставно помешајте ја со вода до саканата густина, па нанесете на лице. Глинената маска ги отстранува нечистотиите и висшокот маснотија од лицето.

-Кога ќе го измиете лицето после глината, со маската си заминуваат сите бактерии и мртви клетки од кожата. Затоа денес ќе си направиме сопствена глинена маска – советува Дејзи, убавицата која има милиони следбеници на својот блог и Инстаграм.

Иако таа главно користи само обична вода од чешма, нагласува дека по желба можете да додадете јаболкова киселина која помага во случај на акни, или лимонова вода, ружина вода…

Кога сето тоа сте го измешале, нанесете ја маската на лице и оставете да се исуши. Дејзи предлага во меѓувреме на очите да ставите кесички од зелен чај и да уживате.

ПОСТАПКА:

1.Исчистете го лицето со маслен чистач.

2.Нанесете ја глинената маска и оставете барем 10 минути па исплакнете.

3.Повторно нанесете маслен чистач и жестоко истријте го во лицето, а митесерите сами ќе исчезнат.