Портокалопита: Традиционален грчки колач со портокал

Постојат разни верзии од овој колач, некои го прелеваат со црно чоколадо, но главно, основниот рецепт секогаш е ист.

Пита од портокали или Портокалопита е слатка која често можете да ја најдете во грчките слаткарници.

Овој мирисен и сочен колач се прави од „потопени“ кори за пита и портокали, а има доста послаб вкус од класичните грчки баклави. Постојат разни верзии од овој колач, некои го прелеваат со црно чоколадо, но главно, основниот рецепт е секогаш ист.

Потребни состојки за колач:

400 г кори за пита

3 јајца

280 г грчки јогурт

100 г шеќер

220 мл масло

3 портокали – кора

1 лажица екстракт од ванила

1 прашок за печиво

Сируп:

300 г шеќер

3 портокали – сок

500 мл вода

1 портокал исечен на тркала

Цимет по желба

Постапка за приготвување на колачот:

Загрејте ја рерната на 200°C, а плехот со величина 20х30 намастете го, корите за пита исцепкајте ги на ситни парчиња и оставете ги да се исушат.

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете јогурт, масло и прашок за печиво. Во смесата ставете рендана кора од портокал и ванила. Во оваа смеса постепено ставајте ги исцепканите кори.

Смесата префрлете ја во плехот и печете 40-45 минути, додека да порумени. Извадете го колачот и оставете го да излади, па со виљушка избоцкајте.

Постапка за приготвување на сирупот:

Шеќерот, сокот од портокали и водата ставете ги во еден сад и гответе додека да зоврие. Кога ќе зоврие намалете го огнот и оставете да се готви уште пет минути. Додадете ги исечканите тркалца од портокал и цимет колку што сакате по ваш вкус. Гответе на тивко уште 15 минути. Кога е готово, распоредете рамномерно врз изладениот колач.

Оставете колачот убаво да го впие сирупот, а најдобро е да се подготви еден ден пред послужување за да биде уште посочен.