Александра Мазур, мис на Русија од 2006. во интервју за една руска телевизија ја открила тајната за своето лице. Таа по природа имала суво лице како пергамент и доколку не го негувала со овој исклучителен третман, досега нејзиното лице ќе било збрчкано.

Овој рецепт и овозможил нејзината кожа да изгледа совршено:

-Земете една супена лажица сува жалфија и прелијте со една чаша зовриена вода. Оставете чајот да отстои еден час, а потоа процедете.

Во добиениот чај натопете една памучна ткаенина и ставете ја на лицето. Оставете да отстои на вашето лице и врат околу 10-15 минути.

Ако на овој начин ја третирате вашата кожа барем двапати седмично, таа ќе биде еластична, здрава и прекрасна!