Помешајте домашна ракија со лук и коприва против опаѓање на косата, бел слез за крајници, вино и црн пипер за…

Бабите знаат најдобро!

Ако некој порано знаел како да даде прва помош за здравјето, тогаш тоа се дефинитивно нашите баби со своите рецепти од народната медицина, кои ги наследиле од своите баби, а нивната мудрост и знаење е штета да не се искористат зошто сепак, некогаш се лекувало со она што го нудела природата.

ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

 Мед и лимон! Половина килограм домашен лимон, исчистен од семки, убаво се меле заедно со кората. Добиената каша се соединува со половина килограм топол мед, па се складира во стаклени тегли. Секое утро се консумира по една лажица од оваа мешавина.

ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Моќта на домашната ракија помешана со лук и коприва е неоспорна. Во еден литар домашна лозова ракија, ставете неколку чешниња лук и еден грст корен од коприва. Смесата оставете ја на топло и сончево место да отстои еден месец. Потоа процедете, а со лековитата ракија масирајте го коренот на косата.

ОШТЕТЕНИ КРАЈНИЦИ

Корен од бел слез и ленено семе добро иситнете и смелете. Измешајте и загрејте за да добиете топла каша која се става на ленена крпа и се нанесува како облога на вратот. Дополнително фиксирајте со уште една крпа или марама за топлината да се задржи што подолго.

НАПАД НА ЖОЛЧКА

Против болки во жолчката се препорачува мешавина од 150 грама маслиново масло, 15 грама вињак и две жолчки. Мешајте 15 минути па додадете ¼ грам ментол. Оваа смеса се зема пред жолчниот напад, а за ублажување на овие тегоби корисен е и сокот од црна ротквица кој едноставно се приготвува: ротквицата изрендајте ја ситно па исцедете го сокот. Се пие трипати дневно.

БОЛКИ ВО ЖЕЛУДНИКОТ

1.Се пие варено вино помешано со црвен пипер, нане, ким и бел темјан.

2.Црвено нане се вари како чај и се пие.

БОЛКИ ВО КОЛЕНОТО

Истолчете смрекинки па добро сварете ги во јаболкова киселина. Додека се вари, додадете глина, па со оваа смеса направете облога за коленото.

На бабините совети неретко се одмавнува со рака, сметајќи ги за застарени методи. Меѓутоа нашите „стари“ многу добро знаеле што прават, а многу од нивните средства се потврдени и од науката. Затоа, во иднина ќе бараме повеќе совети од нашите баби кои со задоволство ќе ги споделат со нас.