Фото: Родна Трпеска

Рецепт: Лена Стојковска

Потребни состојки:

4 +- кг пиперки

3 кг зелка ситно рендана или дробена

2 литри вода

2 чаши шеќер

1 ½ чаша сол

750 мл алкохолна киселина

Конзерванс

Винобран

Бибер во зрно

Морков рендан

Магдонос сечкан

Постапка:

Зелката и морковот се рендаат, се посолуваат, се мешаат, се остава да отстои два часа со повремено промешување.

За тоа време се мијат пиперките и се чистат од семките.

Потоа се полнат убаво и се стегаат, па се редат во поголем сад, тегли или буре.

Се прелива со течноста: вода, киселина, сол, шеќер и винобран, претходно добро промешано да се растопи солта. Се става по желба сечкан магдонос и бибер во зрно. Добро затворете и оставете да преноќи. Следниот ден ако бабурите впиле дел од течноста, дополнете ги теглите со остатокот од солилото, па добро затворете.

За дегустација се готови отприлика за две седмици.