Овие единствени и уникатни свеќи доаѓаат од Светата земја, а фирмата “Небеска љубав” ги дистрибуира низ цела Европа. Луѓето ги купуваат за благосостојба во домот, а многу гатачи работат со нив за да им помогнат на политичарите и естрадните ѕвезди на територија на бивша Југославија.

На социјалните мрежи владее еуфорија за “Свеќите на среќата” кои ги продава сплитската фирма Небеска Љубав. Неофицијално, се зборува дека зад оваа фирма стојат група црквени великодостојници и егзорцисти од Сплит, Виена, Ерусалим, Истанбул и Цирих.

Свеќите наводно пристигаат од Блискиот Исток и го обележуваат патот на Абрахам, Мојсие, Исус и Мухамед. Се сметаат за најголем дар и благослов за секоја куќа, фирма, установа. Таму каде горат овие свеќи не може да допре црна магија, нема нервоза, нема кавги, разочарувања, неуспех… “Свеќата на среќата” носи среќа, благосостојба, хармонија, здравје, прогрес, успех во бизнисот, успех во кариерата…се препорачува една во два месеци да се запали.

Во оваа свеќа се наоѓа темјан, смирна, ерусалимска земја, галилејска јорданска школка, јерихонска ружа, синајски песок, сол од Мртво море и камења од Црвено море.

Интересно е тоа што секоја свеќа има посебни пламени. Во некоја гори црвен пламен, жолт, зелен, црвен до црн пламен. Одеднаш се случува да дојде до борба на пламените еден против друг. Се верува дека после палење и изгорување на свеќата до земја, во куќата исчезнува сето зло. Препорачуваат да се има и втора свеќа која без палење ќе стои во куќата како украс без палење.

Цената на свеќата се движи околу 11 евра.

Текстот е само информативен.